Ливерпул обезбеди значајно (и скапо) засилување кое пристигнува на „Енфилд“ од Германија.
23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт, Уго Екитике, ќе се пресели во Премиер лигата во трансфер вреден 94 милиони евра, земајќи ги предвид и бонусите.
Раководствата на англискиот и германскиот клуб конечно се согласија за деталите од трансферот, објавуваат медиумите, а Екитике ќе потпише договор до 2030 година со можност за продолжување за уште една сезона.
Францускиот напаѓач одигра 48 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона и постигна 22 гола со 12 асистенции.
Талентираниот фудбалер ја започна својата професионална кариера во родниот Ремс, во сезоната 2023-24 беше член на ПСЖ, од каде што се пресели на позајмица во Ајнтрахт во зимата 2024 година, кој подоцна го купи за 16,5 милиони евра.
Помеѓу двете првенства, Ливерпул ги ангажираше и Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Георги Мамардашвили и Флоријан Вирц. Сè на сè, Англичаните издвоија дури 308.000.000 евра за засилувања ова лето.
Тимот од „Енфилд“ ќе ја брани титулата во сезоната 2025-2026.
Фото/ Принтскрин