Ливерпул на Слот урива негативни рекорди

Ливерпул на Слот урива негативни рекорди

пред 5 часа

Ливерпул е во криза, екипата ниже порази, а поразително за сите во клубот е што по 12 рунди испаднаа од борбата за титулата. Актуелните шампиони, сезоната во која вложија речиси 500 милиони евра во реконструкцијата на екипата, ја отворија со пет победи во првите пет рунди, но во наредните седум, победија само еднаш и доживеаа шест порази.

Арне Слот, менаџерот на Ливерпул е под жесток притисок, но барем засега ја ома довербата од клупските челници. Прашање е само до кога. Медиумите во Англија шпекулираат дека ќе го чекаат до Нова година, ако не успее да го врати победничкиот дух, тогаш веројатно ќе добие отказ.

Бидејќи Слот има договор до јуни 2027 година, евентуалниот отказ би можел да го наплати со околу 10 милиони фунти.

Ливерпул сезонава се уште има шанси во Лигата на шампионите, бидејќи во Премиер лигата, ниту еден клуб не ја одбранил титулата со 18 акумулирани бодови во оваа фаза од сезоната, односно по 12 одиграни лигашки натпревари.

Со новиот пораз во саботата, против претходно 19-от Нотингем Форест (0:3), „Црвените“ паднаа на 11-то место на табелата, имаат шест победи и исто толку порази, а тие шест потрази дојдоа во последните седум натпревари.

Со други зборови, во претходните седум натпревари забележаа ист број порази како и во претходните 58 натпревари. Откако Премиер лигата се игра во овој формат (од 1992/1993), само Брендан Роџерс (2015/2016) имаше толку негативен биланс.

Меѓу сите претходни шампиони на Премиер лигата, само три тима загубиле половина од своите први 12 натпревари: Блекбурн во 1995/1996, Лестер во 2016/2017, додека Челзи загуби седум.

И ова е само почеток на поставените или обновените негативни рекорди потпишани од Арне Слот, кој стана првиот тренер со два последователни порази на „Енфилд“ со три или повеќе голови разлика (пред Нотингем беа поразени од Кристал Палас со 0:3) од Бил Шенкли во 1965 година.

Бројките се во преден план овој пат бидејќи впечатокот одамна го покажаа своето – водечките проблеми на Ливерпул се должат на неочекуваниот пад на Мохамед Салах, а уште повеќе на лошата форма на играчите кои требаше да бидат моментални засилувања, платени 493 милиони евра за рекорд минатото лето.

Александар Исак е најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата (145 милиони евра), а постигна само еден гол, а саботата го направи првиот играч во историјата на Ливерпул кој ги загубил првите четири натпревари во кои започна.

Флоријан Вирц е третото најскапо засилување досега (125), а сè уште е без гол и систенција во лигата.

Share
Scroll to Top