Литванија ги шокираше Американците и закажа четврт-финале против Србија

Литванија ги шокираше Американците и закажа четврт-финале против Србија

пред 9 месеци

Кошаркарите на Литванија направија големо изненадување, совладувајќи ја селекцијата на САД во Манила со 110:104, го освоија првото место во групата Ј на Светското првенство и закажаа четвртфинален дуел со Србија.

Дека овој тим на Америка е победлив, дека има многу селекции кои можат да и парираат, се знаеше уште пред почетокот на првенството, но и покрај тоа важеше за голем фаворит за освојување на златото. Италија ќе биде нивен противник во четвртфиналето.

Литванија блескаше во првото полувреме, Американците не знаеја што ги снајде, бидејќи очигледно го потценија ривалот кој за 20 минути постигна 54 поени и изгради позитива од +21.

САД брзо се вратија во третата четвртина на крилата на Едвардс, во неколку наврати стигнаа до негатива од четири поени, но не можеа и да направат пресврт.

Литванија изгледаше беспрекорно како тим, тоа најдобро го покажуваат распределените поени. Каринијаускас постигна 15, Кузминскас 15, Валанчиунас 12 со 7 скока, Браздеикис 11, Димса 11, Бенџијус 10, додека одличниот Седекерскис имаше дабл-дабл со 11 поени и исто толку скокови.

Ентони Едвардс ги предводеше Американците со 35 поени, но тоа не беше доволно.

 

 

Share
Scroll to Top