Чешка успеа да стигне до водство од 1:0 против Хрватска од удар од белата точка по контроверзно досудениот пенал по воздушниот дуел помеѓу Дејан Ловрен и Патрик Шик.
По еден воздушен дуел меѓу Ловрен и Шик по корнер, хрватскиот дефанзивец го погоди со лакт чешкиот напаѓач, и шпанскиот судија Дел Серо реши дека ситуацијата ќе треба да се прегледа на ВАР системот. По ова тој досуди пенал и жолт картон за Ловрен, а Шик, уште раскрварен од белата точка го совлада Ливаковиќ.
Првата вистинска ВАР-контроверза на ЕУРО 2020.
Schick bate o pênalti com categoria e inaugura o marcador para a República Tcheca sobre a Croácia.
— Meia Ofensivo (@meiaofensivo) June 18, 2021