Луис Енрике: 30 години сум во фудбалот, ова не можам да го објаснам

Луис Енрике: 30 години сум во фудбалот, ова не можам да го објаснам

пред 7 дена

ПСЖ, вчера на домашен тере доживеа пораз од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Голот за победа на „јорганџиите“ го постигна Анхел Кореа, буквално во последните секунди.

Луис Енрике, него криеше разочарувањето, смета дека неговиот тим бил многу подобар, но и дека повторно остана без триумф во Лигата на шампионите.

„Без сомнение“, одговори тој откако беше запрашан дали пласманот на ПСЖ во нокаут фазата е во опасност и дополни.

„Она што ни се случи во три натпревари во ЛШ не може да се објасни. Три натпревари што ги одигравме дома. Ова би го опишал со зборовите необјасниво и неправедно. Тешко е да се објасни акко и покрај надмоќта што ја имавме имаме само четири бода.

„Тешко ми е. Остануваат уште четири многу тешки натпревари, но ќе се трудиме до последниот ден. Денес беше „смешно“ да се види како примивме гол. Ни требаат 20 чисти шанси за гол, а противникот ќе кивне и дава гол. Мораме да го прифатиме тоа, но мораме да се подигнеме и да продолжиме да се бориме, ова никогаш не сум го видел и не можам да го објаснам, а во фудбалот работам повеќе од 30 години“.

Пред поразот од Атлетико, ПСЖ на домашен терен играше 1:1 со ПСВ, беше поразен во Лондон од Арсенал со 2:0, додека единствената победа беше остварена со 1:0 против Џирона и тоа со многу среќа кога во 90.минута голманот Газанига си постигна авто-гол.

Со четири бода ситуацијата е далеку од идеална, бидејќи на ПСЖ му следуваат пеколни натпревари, како што е гостувањето кај Баерн на крајот на ноември, потоа нешто полесно гостувањето кај Салцбург во декември, но мора да го пречекаат Манчестер сити и на крајот да одат во Штутгарт.

Share
Scroll to Top