Лукаку ги сруши Нејмар и Кристијано Роналдо

Лукаку ги сруши Нејмар и Кристијано Роналдо

пред 3 години

Белгискиот голгетер Ромелу Лукаку од вчера и официјално е нов играч на европскиот шампион Челси. Лондонскиот клуб за него на Интер му плати 115 милиони евра отштета, па на тој начин Белгиецот стана фудбалерот за кој клубовите издвоиле најмногу пари – вкупно 327,56 милиони евра.

Нејмар останува втор на оваа листа со 310,2 милиони евра, а Лукаку го прескокна и Кристијано Роналдо кој е трет со 230 милиони евра.

Лукаку кариерата ја почна во Андерлехт, од таму прејде во Челси. „Сините“ го испратија на позајмица најпрво во ВБА, а потоа и во Евертон. „Карамелите“ подоцна го откупија неговиот договор.

Од „Гудисон парк“ се пресели во Манчестер Јунајтед, а потоа во Интер. По две сезони во Серија А повторно ќе е дел од Премиерлигата.

За Интер одигра 95 меча и постигна 64 гола со 16 асистенции.

Share
Scroll to Top