Македонија и Украина, во Букурешт, го играат натпреварот од второто коло во Ц-групата, на Европското првенство.
Укринците по 30.минути имаат предност од 1:0. По корнерот од левата страна, лошата поставеност на македонската одбрана ја искористи Јармоленко и од еден метар ја спроведе топката во голот на Димитревски. Три минути подоцна, Јармоленко му асистираше на Јаремчук, кој избегна офсајд и во ситуација „еден на еден“ со Димитриевски, погоди за 2-0.
Столе Димитриевски е најдобриот играч на Македонија во првите 30 минути. Голманот на Рајо Ваљекано, во 7.минута го спречи Малиновски да постигне гол, а во 28.минута му одбрани чиста шанса на Јармоленко.
Македонија, имаше една закани кон голот на Бишчан, во 16.минута обидт на Елмас заврши крај голот.