Македонија назадува на ФИФА листата, сега се наоѓа на 71-то место

Македонија назадува на ФИФА листата, сега се наоѓа на 71-то место

пред 4 часа

Циклусот од четири натпревари во Лигата на нации, Македонија го заврши со четири порази, без постигнат гол, што очекувано ѝ донесе пад на ранг листата на ФИФА.

Македонија два пати загуби од Швајцарија со по 3:0, а доживеа и порази со 2:0 од Словенија и Шкотска. Овое порази предизвикаа пад од две места на ФИФА листата.

На листата која ФИФА ја ажурираше во средата, Македонија се наоѓа на 71-то место.

Од репрезентациите што доаѓаат од просторите на поранешна Југославија, зад Македонија се Косово (76. место) и Црна Гора (79). Најдобар рејтинг има Хрватска (14), следуваат Србија (44), Словенија (52), Босна и Херцеговина (57).

Во Топ 10 се Шпанија, Аргентина, Гфранција, Англија, Португалија која напредуваше за две позиции, Бразил, Марко, Белгија, Холандија и Мексико.

Следната ранг листа, ФИФА ќе ја објави на 18 ноември.

Foto/ ffm.mk

Share
Scroll to Top