Македонија на полувреме има минус од четири гола

Македонија на полувреме има минус од четири гола

пред 9 месеци

Foto/ ehfeuro.eurohandball.com/men/2024

Македонија на полувреме има негатива од четири гола против Франција 13:17).

Македонија и Франција го играат првиот натпревар на Европското првенство, кое во Дизелдорф официјално ќе биде отворено во 20.15 часот, а потоа ќе следува натпреварот меѓу домаќинот Германија и Швајцарија.

Македонија пред 50.000 гледачи на „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф, во првиот дел им „покажа заби“ на фаворизираните Французи.

Релии без грешка изхледаше играта на Македпнија во првите 15 минути. Франција на послетокот создаде предност од два гола (2:4), но благодарение на голманот Митревски, македонија ја стигна и ја престигна француската предност.

Добрата игра на Македонија, при резултат 10:8, го натера францускиот селектор Гијом Жил, да бара минута одмор.

По тајм-аутот Французите ја засилија играта во одбраната и втората половина од првиот дел ја завршија со 3:9, односно на полувреме Франција води 17:13.

Најситакната кај Македонија е голманот Митревски со седум одбрани, а најефикасен е Ѓонов со четири и Кузмановски со три гола. Стрелците кај Франција ги предводи Деска со шест гола.

Share
Scroll to Top