Голманот на лондонски Челси, Едуард Менди вечерва од 21 часот во Мадрид ќе го чува голот на својот тим на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампиони. Сигурно ни тој самиот не очекувал дека толку далеку ќе стигне во кариерата.
Менди е роден во Франција во 1992 година. Иако минатата година за неговите услуги „сините“ одвоија 25 милиони евра, Менди не така одамна примал социјална помош.
Пред 7 години добил отказ во Шербури, француски третолигаш и потоа, цела година бил без клуб.
„Некој пред 6 години да ми речеше дека ќе завршам дотука, не би се трудел ниту да го слушам“ рече неодамна тој во интервју.
Летото 2015 година добил повик да стане четврти голман на Олимпик Марсеј. Негов поранешен соиграч го препорачал, па така Менди станал резервен чувар на мрежата на резервниот тим од Марсеј.
„Ме спаси понудата од Марсеј. Претпладне тренирав, попладне работев, затоа што имав бремена девојка“ вели тој.
Оттогаш се му оди од рака. Во 2016 бранеше за Ремс, тогаш во француската втора лига, а после 3 години се пресели во Рен.
Таму бил еден од клучните играчи и со тимот се пласирале во ЛШ.
Сега во Челси заработува близу 4 милиони евра годишно.
6 years ago, Edouard Mendy was released by Cherbourg, needed French unemployment benefit to look after his pregnant girlfriend, and almost quit football altogether.
Tomorrow he will be starting in a Champions League semi-final vs Real Madrid. pic.twitter.com/cXDNRAe9J3
— Oddschanger (@Oddschanger) April 26, 2021