Манчестер сити го победи Манчестер јунајтед во Комјунити Шилд

Манчестер сити го победи Манчестер јунајтед во Комјунити Шилд

пред 1 месец

Фудбалерите на Манчестер сити го освоија првиот трофеј во сезоната. „Грашаните“ во Суперкупот на Англија, наречен Комјунити Шилд, славеа по избедувањето на пенали против градскиот ривал Манчестер јунајтед со 7:6. Натпреварот по 90 минути игра зарши 1:1.

Бернардо Силва промаши пенал во првата серија, а возврати Џејдон Санчо во четвртата. Потоа пеналџиите беа сигурни до осмата серија кога Џони Еванс шутираше над голот, а Мануел Аканџи потоа стави точка на натпреварот.

Кога станува збор за регуларниот дел, Јунајтед поведе со голот на Гарначо во 72.минута, а изедначи Бернарод Силва во претпоследната минута.

Share
Scroll to Top