Манчестер Сити има договор со наследникот на Гвардиола

Манчестер Сити има договор со наследникот на Гвардиола

пред 2 часа

Челниците на Манчестер Сити били подготвен за заминувањето на Пеп Гвардиола.

Утрото по веста дека Каталонецот се повлекува од клупата на крајот од сезоната, медиумите на Островот го објавија името на неговиот наследник.

Енцо Мареска очигледно ќе биде новиот менаџер на Сити.

„Енцо Мареска има усмен договор со Манчестер Сити, тоа е тоа. Од самиот почеток, италијанскиот тренер се сметаше за идеален кандидат да го наследи Пеп Гвардиола. Сè е договорено, Мареска ќе потпише тригодишен договор со Сити. Нова ера е на прагот“, објави водечкиот европски трансфер инсајдер, Фабрицио Романо.

Мареска беше дел од тренерскиот штаб на Гвардиола во два наврати, од август 2020 до мај 2021 година и од јуни 2022 до јуни 2023 година кога беше прв асистент на Гвардиола. Во еден дел од кариерата му беше и асистент на Мануел Пелегрини во Вест Хем.

Тој самостојно ги водеше Парма, Лестер Сити и Челзи, каде што помина година и пол и забележа одлични резултати, но замина поради несогласувањата со газадата Тод Боели.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top