Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, полека ги троши сите кредити. Минатата сезона не успеа да избори место во Лигата на шампионите, неговиот тим лошо влезе во новата сезона во Премиер лигата, а не успеа да забележи победа ниту на стартоот на натпреварите во Лига Европа.
Манчестер јунајтед, синоќа на домашен терен, одигра без победник (1:1) со Твенте. Англиските медиуми, претпладнево, пишуваат дека дека доколку се случи чудо и Тен Хаг не добие отказ во текот на сезоната, сигурно ќе замине откако истата ќе заврши.
Наводно, спортскиот сектор има во план двајца тренери кои би можеле да го заменат Холанѓанецот. Двајвата се под договор со своите клубови.
Станува збор за Еди Хау, актуелниот менаџер на Њукасл и Симоне Инзаги кој го води Интер.
Според медиумите, Хау во овој момент би бил полесна мета, бидејќи тој не бил во добри односи со спортскиот директор на Њукасл, Пол Мичел. Инзаги од друга страна одлично си ја врши работата во Интер, а евентуалниот траснфер е уште потежок ако се знае дека неодамна тој ја продолжи соработката со актуелнот шампион на Италија.