Шесткратниот Мото ГП шампион, Марк Маркез признава дека одлуката да се обиде да се врати во акција само неколку дена по сериозната операција на раката било голема грешка, но вели дека лекарите не направиле ништо да го спречат неговиот камбек.
Шпанецот беше фаворит за својата седма титула во Мото ГП во низа, но тој сон се урна на првата трка, кога имаше тежок пад на првата трка во Херез останувајќи со скршена рака. Неколку дена подоцна тој беше на операција да се постави плочка во рамото, но бргу беше повторно на мотоциклот на Хонда, пред да се повлече во сред викенд и да ги пропушти сите трки до крајот на сезоната со неизвесно враќање и во 2021.
„Оваа година ме научи многу работи. Прво дека обидот да се вратам толку бргу по повредата беше грешка. Мојата плочка се скрши дома додека отварав лизгачка врата да излезам во градината. Но, плочката се скрши од напорот во Херез. По првата операција, како секој возач, прво прашав кога можам да се вратам. Докторот треба да те спречи, да биде реалистичен. Отидов во Херез знаејќи дека сум добро. Јас сум храбар, но не сум луд. Да ми кажеа дека плочката може да се скрши немаше да се качам на мотоцикл кој оди 300 км/ч“, вели Маркез.
Тој во моментов се опоравува од третата операција во пет месеци откако доби инфекција на рамото.