Маркињос: Немаме самодоверба

Маркињос: Немаме самодоверба

пред 1 недела

„Квалификациите не се лесни и ова е тешко време за нашата репрезентација“, изјави бразилскиот фудбалски репрезентативец Маркињос по поразот на гости од Парагвај со 1:0 во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Тоа беше четврти пораз за Бразил во осмиот квалификациски натпревар, а јужноамериканскиот гигант моментално е на шестото место со три победи, едно реми и четири порази. Фрустрирачки за кариоките е што забележаа четири порази на последните пет натпревар.

Добра вест за Бразил е што дури шест репрезентации директно ќе се пласираат на СП, додека седмопласираната ќе учествува во Интерконтиненталните квалификации.

„Нашиот тренер се уште се обидува да го најде вистинскиот систем и начин на игра. Сето тоа се одразува на нашата игра и резултатите. Во моментов талкаме и што е најлошо играме без самодоверба”, рече еден од најискусните во националниот тим, Маркињос.

Голот за Парагвај го постигна Диего Гомез во 20. минута, а во преостанатиот дел од натпреварот сите бразилски ѕвезди останаа недефинирани во нападот.

„Единствено ни преостанува да работиме напорно за да се подобриме. Ова е преоден период има одредена промена на генерации и никогаш не е пријатно кога треба да се мине низ нешто вакво“, додаде Маркињос.

Share
Scroll to Top