Марота: Хакими во следните 24 часа во ПСЖ

Марота: Хакими во следните 24 часа во ПСЖ

пред 3 години

Генералниот директор на Интер, Џузепе Бепе Марота потврди дека Ашраф Хакими во следните 24 часа ќе го комплетира трансферот во Пари Сен-Жермен.

Мароканецот пристигна на „Сан Сиро“ минатото лето од Реал Мадрид, помагајќи да се освои титулата во Серија А во првата сезона во клубот, но поради финансиските проблеми на „нераѕурите“ тие се приморани да го продадат за да врата добра заработувачка.

„Договорот за Хакими се финализира и ќе биде готово во следните 24 часа. Очигледно, ова не е најдобар момент за нас, но јас сум администратор кој мора да ја гарантира економската одржливост на нашиот клуб во ова тешко време. По завршувањето на тој трансфер, ќе имаме малку простор да ‘дишеме’ и веруваме дека нема да мора да продаваме друг голем фудбалер“, изјави Марота за „Скај спорт Италија“.

22-годишниот Хакими беше клучен на крилото во 3-5-2 формацијата на Антонио Конте, откако Интер платија 40 милиони евра за него, а се очекува дека ќе го продадат за фантастични 70 милиони евра.

Share
Scroll to Top