Марсијал има нов клуб

Марсијал има нов клуб

пред 2 дена

Антони Марсијал има нов клуб. Францускиот напаѓач потпиша тригодишен договор со АЕК Атина и стана најплатениот играч во историјата на грчкиот клуб.

По девет години на „Олд Трафорд“, Марсијал не го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, имаше три ти месеци да избера и на крајот реши да ја прифати понудата од Атина.

Марсијал беше блиску до преселба во Фламенго. Практично се беше договорено, но трансферот пропадна во последен момент.

АЕК испрати понуда до францускиот напаѓач по неуспешниот трансфер на Давид Датра Фофана од Челзи

Французинот во АЕК ќе заработува три милиони евра по сезона.

Пред Јунајтед, Марсијал играше за Монако, а на „Олд Трафорд“ се пресели во 2015 година во трансфер вреден 60 милиони евра.

Share
Scroll to Top