Мартин го доби спринтот во Австралија

Мартин го доби спринтот во Австралија

пред 2 месеци

Возачот на Прамк Дуакто Хорхе Мартин победи на спритн трката пред Големата награда на Австралија. Неговиот најголем ривал во борбата за титулата Франческо Бањаја трката ја заврши на четвртото место. Мартин ја зголеми предноста во генералниот пласман на 16 поени.

Мартин во целта имаше секунда и половина предност во однос на Марк Маркез. Возачот на Гресини Дукати имаше лош старт од второто падна на осмото место. Успеа да се пробије низ поредокот, но на крајот не успеа да го стигне лидерот.

Третото место му припадна на Енеа бастијанини, кој во успеа да го мине колегата од Дукати Бањаја. Актуелниот шампион се мачи во текот на целиот викенд.

Во претпоследниот круг во борбата за петтата позиција, Маверик Вињалес (Априлија) успеа да го мине Марко Бецеки (ВР46), Италијанецот потоа направи грешка се заби во Вињалес и двајцата ја завршија трката.

На овој начин, вториот возач на тимот ВР46, Фабио ди Џанантонио, го наследи петтото место, пред Франко Моридели од Прамак, кој до самиот финиш се бореше со Бред Биндер (КТМ), кој излета од патеката.

Share
Scroll to Top