Ден по оставката на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Салвиша Кокеза, во српската јавност, повторно се огласи фудбалерот на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ.
Матиќ, во ноември, незадоволен од она што се случува во и околу репрезентацијата, во ноември објави дека повеќе нема да настапува за Србија. Пред два месеци тој во отворено писмо до јавноста порача дека нов претседател на ФСС треба да биде Немања Видиќ.
За „Б92“, Матиќ повторно говорел за актуелните теми во српскиот фудбал.
„Човекот што ќе го преземе ФСС треба да има јасен план, јас мислам дека тој човек ќе биде Немања Видиќ. Што ќе се случува не знам, знам само дека доколку во иднина за некои работи треба да решаваме Немања или јас, дека многу луѓе повеќе нема да имаат место во домашниот фудбал“, рекол Матиќ.
Репрезентацијата на Србија, пред две недели, доби нов селектор. На кормилото на националниот тим застана легендата Драган Стојковиќ Пикси. Во наредните седум дена Србија во квалификациите за Светското првенство ќе игра против Ирска, Португалија и Азербејџан.