Кристијано Роналдо го засили Манчестер Јунајтед во финишот на преодниот рок и второто деби во дресот на „ѓаволите“ треба да го има на 11. септември против Њукасл. Сепак меѓу 70.000 фанови на „Олд Трафорд“ нема да биде неговата мајка Долорес, и тоа на негово инсистирање.
Мајка му имала голема желба да присуствува на спектаклот, но по долги разговори соопшти дека тоа не е препорачливо за нејзиното здравје. Долорес (66) тешко поднесува напнати ситуации и стрес откако во последните неколку години двапати се онесвестила на стадион, пишува „The Sun”.
Роналдо поради тоа решил овој ден да го помине без најважната жена во неговиот живот.
„Не и е дозволено да гледа важни натпревари. И реков дека немам веќе татко и не сакам да останам без мајка, така да
не смее да гледа четвртфинале, полуфинале и финале“ раскажа Роналдо за „Дејли Меил“.
Португалецот додал дека кога игра важен натпревар бара од свои пријатели да бидат покрај мајка му за да не стане премногу нервозна, а здравјето и е нарушено.