Мајкл Џексон: А црвен картон за Хаверц?

Мајкл Џексон: А црвен картон за Хаверц?

пред 2 часа

Барнли следната година ќе игра во Чемпионшип, но успеа да му пружи силен отпор на лидерот Арсенал. Синоќа, во претпоследното коло, Арсенал го победи Барнли со 1:0.

Вршителот на должноста тренер на тимот, Мајк Џексон, ги пофали своите играчи и го критикуваше судијата Пол Тирни за одлуката што можеше да промени нешто во односот на силите на теренот.

Тој рече дека неговите играчи покажале дека можат да се справат со ривалите на највисоко ниво и додаде:

„На погрешна страна сме во однос на резултатот, но и во однос на одлуката, која според мене не е најдобра, но сум задоволен од играчите.“

Тој, секако, мислеше на ситуацијата во 68-та минута кога Каи Хаверц доби само жолт картон за опасен старт. Спорниот момент може да го видите овде.

„Знаете за што зборувам, мислам на тој фаул. Во денешниот натпревар тоа е за црвен картон и е исто така опасна игра. Можеше да го повреди.

Тоа би значело дека ако останеа со десет играчи на 20 минути до крајот, ние ќе бевме во натпреварот. Се држевме колку што можевме.

Но, тоа се тие големи одлуки што понекогаш не одат на наша страна, така беше во текот на целата сезона“, рече Џексон.

Share
Scroll to Top