Медведев со „трикови“ го извади Зверев од такт, па повторно лесно го победи!

Медведев со „трикови“ го извади Зверев од такт, па повторно лесно го победи!

пред 4 години

Светскиот рекет број 4, Русинот Данил Медведев повторно беше подобар од својот германски ривал, Александер Зверев победувајќи го со 6:3/6:4 во првото коло од АТП финалето во Лондон за да се израмни со Новак Ѓоковиќ во групата „Токио 1970“.

Медведев успеа да биде подобар од Зверев во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Париз, но за разлика од тој меч, кога мораше да се намачи во три сета, овојпат тој релативно лесно за помалку од 90 минути стигна до победа. Ова беше шеста последователна победа на Медведев, и прва на АТП финалињата, и тоа доаѓа против шампионот од 2018 година.

Меѓу ударите кои ги постигна Русинот, кој си направи имиџ на „лошо момче“ во светот на тенисот беше и овој трик-сервис, кој не помина најдобро кај Германецот.

Во првиот меч од оваа група, Ѓоковиќ претходно лесно го совлада дебитантот Диего Шварцман во два сета.

Share
Scroll to Top