Мекгрегор „јадеше“ брутален нокаут во втората рунда!

Мекгрегор „јадеше“ брутален нокаут во втората рунда!

пред 3 месеци

Дастин Поаире го шокираше Конор Мекгрегор со нокаут во втората рунда на УФЦ 257, ставајќи брутален крај на новото враќање на ирската суперѕвезда во октагонот  во Абу Даби.

Во првиот меч по една година, Мекгрегор се надеваше дека со победа ќе стане главен кандидат за УФЦ појасот во лесна категорија во можен римеч со стариот ривал Хабиб Нурмагомедов, но работите не тргнаа како треба, откако Поаире го „демонтираше“ со напад во втората рунда, прво „уништувајќи“ го со силен удар со левицата, пред со бараж удари да го заврши дуелот.

Ова беше вистинска одмазда за Поаире, по поразот во првиот меч во првата рунда во 2014 година. Во првата рунда, двајцата фајтери беа многу внимателни и ја држеа дистанцата. Поаире обезбеди брзо соборување, но Мекгрегор се врати бргу на нозе. Ирецот на отворено покажа дека е одличен боксер, погодувајќи го противникот со неколку чисти удари, но во втората рунда, балансот на силите беше поинаков, пред бруталниот крај на мечот.

Поразот дефинитивно значи дека Мекгрегор може да се прости со потенцијалниот римеч со Хабиб, кој изјавуваше дека е потребно нешто спектакуларно да го врати во УФЦ. Од друга страна, Поаире сега е кандидат за појасот кој уште е кај Хабиб, и следен противник може да му е Мајкл Чендлер, кој имаше спектакуларен нокаут над Ден Хукер во првата рунда во саботата навечер.

Share

WCOStream watch anime online: Watch Tokyo Ghoul Episode 7

AnimeDao animedao haikyuu: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 14 (https://animedao.nl/m/rqnK/ep-14)

Scroll to Top