Мекларен купија пет сета алати и успеаја да заштедат пари!

Мекларен купија пет сета алати и успеаја да заштедат пари!

пред 4 години

Формула 1 во 2021 ќе ја има првата година во која тимовите ќе мораат да оперираат со ограничен буџет, што ќе донесе многу интересни ситуации – намалување на бројот на постојани вработени, но и некои интересни идеи за заштедување. Првиот пример го имаа Мекларен на денешното тестирање во Силверстоун.

Вториот најтрофеен тим во историјата на Ф1 пристигна на патеката со нов сет алати, што воопшто не е чудно, но одлуката да купат уште четири идентични сетови алати е многу чудно. Од Мекларен го оправдуваат овој трошок на овој начин – петте идентични сетови алати ќе патуваат на патеките на кои ќе се возат трките со бродски транспорт, кој е далеку поевтин од транспортот со авиони, така што пресметката вели дека ова е економска мерка.

„Со ставање на работите на морски транспорт, алатките сами ќе се исплатат за една година. Нема да има трошоци за летови и тоа е големо олеснување“, вели менаџерот на тимот, Пол Џејмс.

Share
Scroll to Top