Мектоминеј: Нема да плачам за нешто што кажал Рој Кин

Мектоминеј: Нема да плачам за нешто што кажал Рој Кин

пред 3 години

Скот Мектоминеј вели дека не му пречат критиките на неговата игра, дури и тие да доаѓаат од поранешниот легендарен капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин.

Кин неодамна изјави дека не му е јасно како Оле Гунар Солскјер очекува да ја освои титулата со Мектоминеј и Бразилецот Фред во средината на теренот, но 24-годишниот Шкотланѓанец до неодамна воопшто не го забележал тоа.

„Што рекол? Не го гледав, но не е важно, луѓето имаат право на свое мислење и тоа морам да го почитувам. Но, сигурно нема да плачам за нешто што кажал Рој Кин. Ако го мисли тоа, тогаш добро. Нема драма. Би бил будала да одам дома загрижен за тоа што мислат луѓето за мене“, вели Мектоминеј.

Тој сепак, доби пофалба од уште еден Шкотланѓанец, Сер Алекс Фергусон, кој го нарече „последниот голем Шкотланѓанец во низа во Јунајтед“.

Кин: Со Фред и Мектоминеј не се освојуваат титули

Share
Scroll to Top