Поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство против Шпанија може да биде последното поглавје од репрезентативната приказна на Лионел Меси. Капитенот наводно ги известил своите соиграчи во соблекувалната по натпреварот дека повеќе нема да игра за репрезентацијата.
Лионел Меси може да го одигра последниот натпревар во дресот на Аргентина. Според информациите од аргентинскиот новинар Ернан Кастиљо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња донел одлука да ја заврши својата репрезентативна кариера, а тој прв им ја соопштил веста на своите соиграчи.
Според Кастиљо, капитенот на „гаучосите“ одржал емотивен говор во соблекувалната веднаш по финалниот дуел на Светското првенство против Шпанија, во кој навестил дека тоа е неговиот последен настап за репрезентацијата.
Esa arenga es adentro del vestuario. La de ayer adentro del vestuario fue más emotiva aún porque habló de que era su último partido tbn. El tema es q lo otro es en el pasillo. Como en los otros partidos en los q en el pasilllo tampoco había dicho nada fuerte https://t.co/20OuLRtqU5
— Hernán Castillo (@HernanSCastillo) July 20, 2026
Сепак, сè уште не пристигна официјална потврда од Фудбалската асоцијација на Аргентина, како и од самиот Меси.
Веста за евентуалното збогување предизвика огромно внимание низ целиот свет, бидејќи Аргентина ќе остане без фудбалер кој одбележа цела ера на националниот тим.
Меси уште еднаш ја потврди својата класа на последното Светско првенство. Тој беше клучна фигура на тимот во текот на целиот турнир, постигнувајќи осум гола и запишувајќи четири асистенции, водејќи ја Аргентина до самиот крај на натпреварувањето.
Сепак, во финалниот натпревар против Шпанија, „гаучосите“ не успеаја да ја одбранат титулата освоена во 2022 година во Катар. Шпанија победи со 1:0 по продолженијата, а херој на натпреварот беше Феран Торес, кој постигна гол во 106-тата минута.
фото/Depositphotos






