Меси емотивно го доживеа повлекувањето на Иниеста

Меси емотивно го доживеа повлекувањето на Иниеста

пред 6 часа

Лионел Меси емотивно го доживеа пензионирањето на поранешениот соиграч од Барселона, Андрес Иниеста.

Иниеста по 22 сезони реши да стави крај на кариерата, со меси заедно играа во Барселона 14 годинио.

Стрелецот на „најважниот гол во историјата на шпанскиот фудбал“, се смета за еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња. Неговиот гол во 117.минута во финалето со Холандија на Шпанија и ја донесе титулата светски рпвак во 2010 година.

„Еден од најмагичните соиграчи и со кој најмногу уживав играјќи. Андрес Иниеста, ќе и недостигаш на топката, ќе ни недостигаш“, порача Меси на Инстаграм со заедничка слика од прославата во дресот на Барса.

„Ти посакувам се најдобро, ти си феномен“, потенцираше Аргентинецот.

Меси и Иниеста заедно освоија 32 титули во Барса, од кои пет во ЛШ. По заминувањето од Барселона, Иниеста кариерата ја продолжи во Јапонија во Кобе, каде играше до јули минатата година.

Неговиот последен ангажман беше во Обединетите Арапски Емирати.

Share
Scroll to Top