Мејведер го исфрли судијата од рингот среде тепачка (ВИДЕО)

Мејведер го исфрли судијата од рингот среде тепачка (ВИДЕО)

пред 2 месеци

Флојд Мејведер вчера на 47 години влезе во рингот и даде борба за паметење. Синоќа во Мексико Сити се одржа реванш против Џон Готи Трети.

Додуша, овој меч нема да биде запаметен по некоја особено квалитетна борба или нокаут, туку по тоа што Мејведер успеа да го избрка судијата од рингот. Тоа е потег без преседан на борец, дури и на егзибициски натпревари. Во еден момент судијата ја прекина борбата за да го предупреди Мејведер да престане да го удира Готи во задниот дел од главата, а таквиот потег на судијата не му се допадна на американскиот борец. Мејведер ги загуби нервите, почна да се расправа со судијата, да го навредува и да го брка од рингот.

На крајот, Мејведер изврши толку голем притисок врз судијата и организаторите на тепачката што мечот не продолжи се додека друг судија не дојде на рингот. Што се однесува до исходот на борбата, тој не беше постигнат, па на крајот немаше победник.

 

Share
Scroll to Top