Мејведер ставил 10.000 долари на Бивол: Лесна пара!

Мејведер ставил 10.000 долари на Бивол: Лесна пара!

пред 2 години

Флојд Мејведер Јуниор уште еднаш го потврди својот прекар Money (пари), откако потврди дека ставил 10.000 долари на победа на Дмитриј Бивол над Канело Алварез, фалејќи се дека се работело за „лесна пара“.

31-годишниот Канело беше апсолутен фаворит кај букмејкерите пред мечот во средно-тешка категорија, но доби голем „ќотек“ во Лас Вегас и загуби на поени, за само втор пораз во 61 меч во кариерата.

Мејведер вложил 10.000 долари на Бивол пред мечот, и заработи 42.500 долари од облогот.

Сензација во Лас Вегас – Бивол го декласираше Канело!

Share
Scroll to Top