Мик Шумахер се враќа во Формула 1?

Мик Шумахер се враќа во Формула 1?

пред 1 месец

Мик Шумахер, син на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, би можел да се врати на гридот. Шумахер во последните 18 месеци е резервен возач во тимот на Мерцедес.

Мик Шумахер (25) возеше за тимот на Хаас во 2021 и 2022 година. Не помина добро. Во првата сезона за Хаас беше 19-ти во поредокот кај возачите, а во втората заврши на 16-та позиција. По тие две сезони, Хас го отпушти и го нагажира Нико Хулкенберг.

Сега, Мик Шумахер би можел да се пристигне во Вилијамс. Не е исклучено тој да вози за овој тим в недела во Монца на Големата награда на Италија.

Се шпекулира дека Вилијамс ќе му врачи отказ на Американецот Логан Сарџент. Во Вилијамс веќе немаат трпени за Американецот, кој во саботата на тренингот целосно го уништи болидот.

„Доколку јас се прашувам би го ангажирал Мик. Се разбира, никој нема да ме послуша бидејќи ми е пријател, но сепак е најдоброто решение. Мик има двегодишно искуство како Формула 1 возач, има увид и во техничките карактеристики на моторот на Мерцедес.

Тој многу созреа како личност по заминувањето од Хас. Ги знае патеките и тоа е голема предност. Се надевам дека ќе покаже се што знам дека е способен“, изјави Себастијан Фетел во интервју за Билд.

Share
Scroll to Top