Италијанскиот инсајдер Николо Шира, вчера објави дека Милан сака да го задржи Лука Модриќ (40) во своите редови и за следната сезона. Клубот го гледа како еден од најважните играчи на тимот, а неговата улога на теренот е клучна за нивните амбиции во наредните сезони.
Во Милан сакаат да го убедат Модриќ да се врати по претстојното Светско првенство и да ја продолжи кариерата во сезоната во која ќе наполни 41 година.
Иако веќе некое време се шпекулира за евентуален крај на неговата професионална кариера, клубот сè уште верува дека тој може да игра на врвно ниво.
Во случај Модриќ да одлучи да продолжи да игра, Милан е подготвен да ја активира опцијата за продолжување на договорот. Да потсетиме дека минатото лето Модриќ потпиша едногодишен договор со опција за продолжување за уште една година.
Модриќ одигра 2.414 минути за Милан оваа сезона, а само Мајк Мењан, Алексис Салемакерс и Фикајо Томори запишаа повеќе минути.
„Росонерите“ моментално се на второто место на табелата, осум бода зад лидерот Интер, девет кола до крајот.
Foto/ /depositphotos






