Директорите на Милан, Паоло Малдини и Фредерик Масара отпатуваа за Белгија на средба со раководството на Бриж во врска со трансферот на Шарл де Кетеларe во италијанскиот шампион.
Последната понуда на Милан за офанзивниот играч за врска е 32 милиони евра, со бонуси. Претставниците на „росонерите“ заминаа во Бриж со желба Клуб Бриж да ја прифати оваа понуда.
Доколку тоа не успее, тие ќе се повлечат од трката за репрезентативецот на Белгија бидејќи немаат намера да наддаваат со тимови од Премиерлигата како Лидс и Њукасл. Во тој случај „росонерите“ повторно би се насочиле кон играчот од средниот ред на Челси, Хаким Зијеп, кој би можел да дојде на позајмица со опција за откуп на договорот.