Милер, Хумелс и Зомер купија португалски клуб

Милер, Хумелс и Зомер купија португалски клуб

пред 8 часа

Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер станаа мнозински сопственик на португалскиот прволигаш, Естрела Амадора.

Германска инвестициска група купи 90 проценти од клубот за 40 милиони евра.

Меѓу инвеститорите се познатите фудбалери Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер, додека функцијата претседател ќе ја преземе Јоханес Моцманг, поранешен член на одборот на Баерн.

Сега веќе поранешниот сопственик Пауло Лопо ја презеде Естрела во 2020 година за само 72.000 евра, кога се натпреваруваше во понизок ранг.

Во меѓувреме, клубот се врати во елитата, каде што игра четврта сезона по ред.

Останатите десет проценти од сопственоста ќе ги задржи клубот, а синот на претходниот сопственик, Франциско Лопо, ќе остане извршен директор на клубот.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top