„Милионерите“ со трансферите на Верман и Константелијас го затвори преодниот рок

„Милионерите“ со трансферите на Верман и Константелијас го затвори преодниот рок

пред 3 часа

Поранешниот играч на ПСВ од Ајндховен, Џои Верман е новото засилување на Борусија Дортмунд. Германскиот вицешампион ја плати откупната клаузула од 21,5 милиони евра.

Верман има 27 години, висок е 185 сантиметри и игра на позицијата централен и заден играч за врска.

Холандскиот интернационалец потпиша петгодишен договор.

Со клубот од „Филипс Арена“, тој освои три титули во холандското првенство (2024, 2025 и 2026), два национални купа (2022 и 2023) и три холандски Суперкупа (2022, 2023 и 2025).

Вкупно, тој одигра 198 натпревари за ПСВ, постигна 31 гол и забележа дури 67 асистенции.

Верман одигра 16 натпревари за сениорската репрезентација на Холандија од 2023 година и постигна еден гол.

Во системот на Нико Ковач (3-4-2-1), тој ќе игра на позицијата последен играч во редот за врска.

Борусија Дортмунд го доведе и Јанис Константелијас од ПАОК за 26 милиони евра. Офанзивниот играч од средниот ред потпиша петгодишен договор со германскиот клуб.

Константелијас помина низ младинската школа на ПАОК, а за првиот тим на клубот од Солун одигра 190 натпревари, постигна 44 гола и запиша уште 26 асистенции.

Тој им помогна на црно-белите да ја освојат титулата во грчкото првенство во сезоната 2023/24 откако дебитираше за сениорскиот тим на само 17 години, во јануари 2021 година.

Тој играше за сите помлади селекции на грчката репрезентација, а дебитираше за сениорскиот национален тим во март 2023 година. Оттогаш, одигра 18 натпревари за Грција и постигна четири гола.

Борусија Дортмунд ќе ја отвори сезоната 2026/27 со натпреварот од Суперкупот на Германија против Баерн Минхен на 22 август на домашен терен.

Една недела подоцна, Дортмунд ќе го пречека Хамбургер во Бундеслигата.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top