Милосављев ја остави Србија во игра за вториот круг, Хрватска со една нога е во главната фаза

Милосављев ја остави Србија во игра за вториот круг, Хрватска со една нога е во главната фаза

пред 5 часа

Србија не успеа да ја победи Австрија, во последното коло во групата, загуби со 25:26. Србите сега навиваат за Шпанија, доколку „црвента фурија“ ја победи Германија, Србите одат понатаму, во спротивно го завршија турнирот. За разлика од Србија, Хрватска не дозволи изненадување, ја победи Холандија со 35:29 и доколку вечерва не се случи мега сензација, Шведска да не слави против Грузија, Хрватите се во следната фаза.

Србија и Австрија одиграа тежок меч, со многу борба и впечатокот е дека Австријците имаа повеќе сила во завршницата.

Речиси во текот на целиот натпревар се играше гол за гол. Неколуку пати имаа и едните и другите по два гола предност, но ниту една од селекции не успеа да се одлепи.

На 10 минути до крајот Австрија прв пат стекна предност од три гола, но Србите не се предадоа, благодарение на Пешмалбек кој постигна два гола кога беше најпотребно и голманот Милосављев, кој му одбрани пенал на Билик на 30 секунди до крајот, Србите г задржаа шансите за место во главната фаза.

Кај Србија блескаше Милосављев со 13 интервенции, Немања Илиќ беше најефикасен со шест гола (сите во првото полувреме), Додиќ постигна четири, Којадиновиќ, Пешмалбек и Ѓукиќ по три.

Голманот Мостл ја предводеше Австрија со 12 интервенции, а најефикасен беше Вагнер со шест гола.

Хрватска ја победи Холандија со 35:29 во второто коло од Европското првенство и се приближи до пласман во вториот круг. За да го потврди пласманот, само треба да Шведска да не загуби од Грузија.

Хрватите имаа одредени проблеми со Холанѓаните, особено во првото полувреме, но кога влегоа во вистински ритам, лесно ја обезбедија победата.

Најдобри стрелци за Хрватска беа Иван Мартиновиќ со девет и Звонимир Срна со шест гола. Кај Холанѓаните, Рутгер Тен Велде беше најефикасен со осум гола.

Share
Scroll to Top