Мичиген по 37 години ја освои титулата во колеџ кошарката

Мичиген по 37 години ја освои титулата во колеџ кошарката

пред 4 часа

Периодот на доминација на Јукон Хаскис во колеџ кошарката заврши изминатата ноќ. Мичиген Вулверинс се шампиони на НЦАА за прв пат од 1989 година.

Мичиген Вулверинс ги победија Јукон Хаскис во големото финале на НЦАА со 69:63 и со тоа му донесоа на својот колеџ титула на која чекаа 37 години.

Јукон освои две титули за три години, но овој пат Мичиген, тим кој ги загуби претходните четири финалиња, беше подобар од тимот на Боб Харли.

Елитон Каду беше најефикасен во финалето со 19 поени, додека Јаксел Ландеборг со 13 и Морез Џонсон со 12 поени исто така беа двоцифрени.

Во редовите на поразениот Јукон, Алекс Карабан беше најрасположен со 17 поени.

Share
Scroll to Top