ММА фајтер тврди дека наместил меч откако му се заканувале со пиштол во Авганистан

ММА фајтер тврди дека наместил меч откако му се заканувале со пиштол во Авганистан

пред 4 години

Бразилскиот ММА фајтер во перо категорија, Леонардо Барбоса тврди дека наместил меч во Авганистан откако во соблекувалната бил приморан на тоа од непознат човек со пиштол.

Барбоса објаснува дека глумел повреда како резултат на колено во телото во мечот против Ахмед Вали Хотак во Кабул на 11 февруари, по што судијата го прекина мечот и го додели на домашниот фајтер.

Ова тврдење е отфрлено од авганистанските организатори, но видеото кое се појави на социјалните мрежи ја потврдува верзијата на настаните, откако Барбоса театрално реагира на ударот со колено, додека фановите се радуваат на победата.

Уште почудно, до тој момент во мечот, Барбоса доминираше и го скрши носот на противникот уште во првата рунда.

Share
Scroll to Top