Мозес Рајт повторно е МВП

Мозес Рајт повторно е МВП

пред 36 минути

Македонскиот репрезентативец, Мозес Рајт, ја доби наградата за најкорисен играч (MVP) за својот настап во 14-то коло од Евролигата.

Кошаркарите на Олимпија Милано го победија Асвел во 14-то коло од Евролигата со 95:91, во натпревар во кој водеа со дури 24 поени разлика и му дозволија на домаќинот да се врати во натпреварот.

Најдобар играч на тој натпревар беше токму Рајт, кој го заврши натпреварот со феноменални 35 индексни поени.

Рајт беше MVP и на претходното, на 13-то коло од Евролигата, па во две последователни кола доминираше во титулата најдобар играч на елитното европско натпреварување.

Против Асвел, постигна 29 поени со 13 од 16 од поле и 3 од 3 од линијата за слободни фрлања, а својата импресивна статистика ја надополни со 8 скока, 3 украдени топки, 2 асистенции, една блокада и 4 лични грешки.

Тој е вториот играч оваа сезона со две последователни награди за најкорисен играч (MVP), откако Елајџа Брајант од Хапоел Тел Авив го направи тоа пред него.

Мозес Рајт вечерва ќе ја предводи Македонија, во квалификациите за ЕП, во Скопје против Кипар.

Foto/ mkd.basketball

Share
Scroll to Top