Мурињо сака да го врати Гулер во Фенербахче

Мурињо сака да го врати Гулер во Фенербахче

пред 2 месеци

Арда Гулер не добива соодветна минутажа во Реал Мадрид, па Фенербахче се обидува да ја искористи таа ситуација и да го доведе во своите редови, пренесуваат светските медиуми.

Наводно, тренерот на турскиот великан Жозе Мурињо е заинтересиран да го врати репрезентативецот на оваа земја, а засега тоа би било само позајмица.

На овој начин истанбулскиот клуб би добил големо засилување на средината на теренот, а фудбалерот повторно би имал шанса да има позначајна минутажа.

Дополнително, пред неколку дена се појави веста дека Гулер јасно му ставил до знаење на тренерот Карло Анчелоти дека доколку не го сака во тимот, само јасно да го каже и ќе си замине.

Токму на оваа карта игра португалскиот стручњак и се обидува да го убеди младиот фудбалер да се врати во клубот.

Гулер на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пристигна во јули минатата година како големо засилување, а за клубот од главниот град на Шпанија одигра само 10 натпревари и на теренот помина скромни 291 минута.

Share
Scroll to Top