Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо беше гостин на Јутјуб каналот на „волчицата“ во кој одговараше на прашања поставени преку социјалните мрежи, околу вечниот град, јадењето, социјалните мрежи, музиката и „Фортнајт“.
– Градот Рим?
Историја, моќ, страст.
– Олимпискиот стадион?
Фантастичен.
-Животот во Италија?
Не знам дали можам да го наречам живот, бидејќи е многу тешко. Хахахаха.
– Инстаграм?
Смешен е.
– Навивачите на Рома?
Моите навивачи.
– Фортнајт?
Кошмар! Фудбалерите седат цела вечер играјќи го тоа ср.ње. А следниот ден ги чека меч.
– Сетубал?
Дома, единствениот збор кој може да го опише. Јас сум граѓанин на светот, но Сетубал е дома.
– Три омилени италијански јадења?
Би можел да набројан 30. Дури и кога живеев во Лондон омилените ресторани ми беа италијанските. Пиката со лимон, равиоли со домати… Морам да внимавам колку јадам.
– Омилена музика?
Роден сум во 1963, што значи дека бев млад во 1980-тите и 1990-тите. Тогаш работите припаѓаа на Брајан Адамс и Брус Спрингстин.
– Дијалектот во Рим?
Даје Рома! Морам да научам повеќе, но имам луѓе кои ми помагаат.