Му се оствари сонот на Ериксон, ќе биде менаџер на Ливерпул

Му се оствари сонот на Ериксон, ќе биде менаџер на Ливерпул

пред 10 месеци

Свен-Горан Ериксон доби шанса да го исполни својот животен сон да го предводи Ливерпул, откако минатиот месец објави дека боледува од рак во терминална фаза.

Ериксон ќе седи на клупата покрај легендите на Ливерпул како Иан Раш, Џон Барнс и Џон Олдриџ, а на теренот ќе бида: Јержи Дудек, Сандер Вестервелд, Мартин Шкртел, Фабио Аурелио, Џибрил Сисе, Рајан Бабел. .

Поранешниот селектор на Англија, Ериксон, минатиот месец изјави дека има „во најдобар случај уште една година живот“ откако му беше дијагностициран рак на панкреасот. Тој тогаш изјави дека отсекогаш сакал да биде менаџер на Ливерпул и дека цел живот бил навивач на Ливерпул.

Ериксон ги водеше и Манчестер Сити и Лестер, како и Бенфика, Лацио, Сампдорија и филипинската репрезентација и репрезентациите на Шведска, Кина и Брегот на Слоновата Коска.

Натпреварот ќе се игра на „Енфилд“ и сите собрани средства ќе одат во Фондацијата Ливерпул. Двата претходни натпревари на легендите, против Манчестер Јунајтед и Селтик, собраа вкупно 1,45 милиони фунти (1,7 милиони евра).

Share
Scroll to Top