Легендарниот Хуан Карлос Наваро, ќе биде генерален менаџер на Барселона. На функцијата тој треба да го замени Начо Родригез. Родригез (51), беше назначен за генерален менаџер во март 2017 година, неговиот договор е важечки уште една година.
Хуан Карлос Наваро (40) е легенда не само на Барселона туку на светската кошарка, кариерата ја заврши во 2018 година. По завршувањето на кариерата, тој остана во клубот, а сега ќе добие одоговрна функција.
Наваро, кариерата ја започна во 1997 година, со исклучок на сезоната која ја мина во Мемфис Гризлис, цело време беше во Барселона.