Надал го „состави“ совршениот тенисер

Надал го „состави“ совршениот тенисер

пред 1 година

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал состави совршен тенисер користејќи поединечни сегменти од играта на своите колеги.

Во шест точки, Надал избра шест различни тенисери за кои смета дека се најдобри во секоја од тие поединечни категории.

Надал најпрвин ги издвои своите најголеми ривали, Новак Ѓоковиќ (бекхенд) и Роџер Федерер (форхенд).

Интересно е тоа што Карлос Алкараз е тука кога е физичката подготвеност во прашање, иако неговиот сонародник не секогаш се истакнувал на тој оддел.

На списокот на Надал, покрај Федерер, се уште двајца поранешни тенисери. Тоа се Радек Штепанек на волеј и Иво Карловиќ на сервис.

Себеси се избра за тенисер со најдобар менталитет.

Надал поради повреда паузираше една година. Најаи дека на почетокот на годината ќе настапи на турнирот во Бризбејн, а потоа ќе игра и на Австралија опен.

Share
Scroll to Top