Надал: Да не користев лекови, ќе освоев 10-12 големи титули помалку

Надал: Да не користев лекови, ќе освоев 10-12 големи титули помалку

пред 4 часа

Детали од биографијата на Рафаел Надал, која наскоро ќе има премиера на Нетфликс, излегоа во јавноста. Кралот на земјената подлога, на пример, откри каква борба имал со повредите што го следеле речиси од првиот ден од неговата кариера.

Надал, во текот на целата кариера, страдал од синдром Милер-Вајс, односно деформација на левото стапало. За да може да игра, морал да користи специјални патики, но дури ни тоа не било доволно.

„Мојот проблем не можеше да се излечи“, објаснува тој во документарецот.

„Единственото, беше можно да се направат некои промени за болката да биде поднослива.“

Затоа апчињата против болки станаа задолжителен дел од неговиот багаж на турнирите, како што се рекетите и другата опрема.

„Имаше периоди кога чувствував постојана болка. Мојот физиотерапевт мораше да следи колку од овие лекови земам за да не се предозирам. И потоа еден ден решив јас да одлучам колку ќе земам. Повеќе не се консултирав со никого, бидејќи знаев дека никој нема да се согласи со мене“, вели Надал, истакнувајќи дека бил свесен за ризиците.

„Зедов многу повеќе апчиња против болки отколку што требаше. Затоа имав две перфорации на цревата. Но, ако не го направев тоа, мојата кариера ќе беше катастрофа.“

Тој вели дека не се кае:

„Ако не го направев тоа, ќе освоев 10-12 гренд слем титули помалку. Радоста од играњето беше посилна од сè друго“, нагласува шампионот на 22-те најголеми натпреварувања во светот на тенисот. Само Новак Ѓоковиќ со 24 е поуспешен од него во историјата.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top