Надал против Шварцман во полу-финалето на РГ

Надал против Шварцман во полу-финалето на РГ

пред 5 месеци

Рафа Надал некаде во два часот по полноќ избори пласман во полу-финалето на Ролан Гарос. Шпанецот го победи Јаник Синер од Италија со 7/6, 6/4, 6/1. Рафа против 19 годишниот Италијанец кој дебитираше на Ролан Гарос ја забележа 98 победа во 100 меч на Грен слемот во Париз.

Рафа рутински се справи со големиот тлент на светскиот тенис, иако првите два сета лесно може да одат на другата страна. И во првиот и во вториот сет Синер прв успеваше да направи брејк, но секогаш кога ќе го направеше тоа делуваше како да е исплашен од шансата која му се пружила.

Кога по голема борба од преку два часа ги доби првите два сета Рафа рутински го заврши мечот.

Во наредната рунда негов противник ќе биде Диего Шварцман кој во епски меч по пет часа и осум минути го победи Доминик Тим.

Share

The Promised Neverland Season 2 (https://kissanimeonline.com/m/dK3l) Episode 2 at website https://kissanimeonline.com. See more kamisama kiss anime

Watch Naruto: Shippuden Episode 488 at website https://crunchyrollfree.com. See more free vrv account

Scroll to Top