Шпанскиот тениски ас по десетти пат го освојува Мастерс тенискиот турнир во Рим.
По 2 часа и 50 минути игра Надал со 2-1 славеше против Новак Ѓоковиќ и тоа по сетови 7:5, 1:6 и 6:3.
Со овој триумф Надал се изедначи по бројот на мастерс титули со Ѓоковиќ. Сега за Рафа, Мастерсот во Рим е четвртиот турнир на кој има најмалку по 10 титули, претходни истото му појде од рака на Ролан Гарос, Барселона и Монте Карло.
Во меѓусебните дуели Ѓоковиќ има мала предност пред Шпанецот – 29:28.
Во првиот сет на денешниот финален меч Надал играше подобро, му направи два брејка на Ѓоковиќ, наспроти еден на Србинот.
Во вториот сет Шпанецот беше комплетно непрепознатлив, па Ноле со два брејка стигна до убедливи 6-1.
Третиот сет беше израмнет до 2-2. Тогаш во шестиот гем шпанскиот тенисер одзема сервис на противникот, па до крајот рутинирано го приведе мечот кон крај.
Another round of La Decima for Nadal, this time in Rome! ?
?: @TennisTV | @RafaelNadal | #IBI21pic.twitter.com/9zsCl5aXFg
— ATP Tour (@atptour) May 16, 2021
How did you do THAT?
? @RafaelNadal ? pic.twitter.com/BRYdo8g2GZ— Rafa Nadal Academy by Movistar (@rnadalacademy) May 16, 2021
Halfway to title No. ? in Rome!@RafaelNadal takes the first set 7-5 against Djokovic after 75 minutes. #IBI21 pic.twitter.com/BB1q1TA5Hq
— ATP Tour (@atptour) May 16, 2021