Наместо Мбапе, Камавинга е новиот „галактикос“

Наместо Мбапе, Камавинга е новиот „галактикос“

пред 3 години

Реал Мадрид го потврдија трансферот на талентираниот фудбалер од средниот ред на Рен, Едуардо Камавинга, давајќи му шестгодишен договор кој вреди околу 40 милиони евра.

Францускиот интернационалец се сели од „Роажон парк“ во договор со кој ќе биде обврзан со „кралевите“ до 2027 и доаѓа по неуспешниот обид да го купат Килијан Мбапе од ривалите на Рен, Пари Сен-Жермен, и покрај понудата која наводно достигна фантастични 200 милиони евра.

Манчестер јунајтед и ПСЖ беа поврзувани со Камавинга, кој се покажа како еден од најдобрите млади фудбалери во Европа откако влезе во првиот тим на Рен како 16-годишник во 2019 година. Тој стана најмладиот фудбалер во историјата на француската репрезентација кога дебитираше при 4:2 победата над Хрватска минатиот септмември.

Со само една година од неговиот договор, Рен сакаа или тој да се обврзе на долгорочен договор или да биде продаден, и на стартот на сезоната само еднаш беше стартер во шест меча на Рен. Камавинга е второ засилување за Реал Мадрид ова лето, откако претходно Давид Алаба пристигна од Баерн Минхен како слободен играч.

Животната приказна на Камавинга е трагична. Неговото семејсто се пресели во Франција кога тој имаше 2 години. На 11 години нивниот дом изгорел во пожар, по што неговиот татко му кажал: „Ти си сега надежта на нашето семејство“. Сега на 18 години, тој е член на најтрофејниот европски клуб.

Share
Scroll to Top