Наполи и Јунајтед го договрија трансферот на Мектоминеј

Наполи и Јунајтед го договрија трансферот на Мектоминеј

пред 4 недели

Фудбалскиот клуб Наполи постигна договор со Манчестер јунајтед околу трансферот на на играчот од редот за врска Скот Мектоминеј.

Трансферот на Мектоминеј во Наполи ќе изнесува 30 милиони евра, а Јунајтед задраж проценти и од следниот трансфер, објави „Скај спортс“.

Трансферот се уште не е склучен и зависи од тоа дали Мектоминеј ќе постигне договор со Наполи за личните услови.

Репрезентативецот на Шкотска влезе во последната година од договорот со Манчестер јунајтед, а клубот не ја искористи опцијата да го продолжи неговиот договор за уште 12 месеци.

Мектоминеј минатата сезона одигра 43 натпревари и постигна 10 гола за Манчестер јунајтед. Дресот на „црвените ѓаволи“ го носи од 2017 година.

Share
Scroll to Top