Наполи против Рома со специјални дресови во чест на Марадона

Наполи против Рома со специјални дресови во чест на Марадона

пред 4 години

Калчолигашот Наполи реши уште еднаш да му оддаде почест на Диего Марадона кој почина пред неколку дена.
Екипата предводена од Џенаро Гатузо вечерва во дербито на „Сан Паоло“ против Рома ќе истрча со специјално дизајнирани дресови, инспириради токму од Марадона.


Тоа ќе е четврта гарнитура дресови за наполитанците, осмислена пред една година, како начин клубот од Неапол да му се заблагодари на Аргентинецот за сите успеси.

„Пред една година во соработка со техничкиот спонзор дојдовме до идеја да дизајнираме дрес посветен на Марадона, на неговата сакана Аргентин и неговата поврзаност со граѓаните на Неапол. Се надевавме дека Диего ќе го види дресот, дека ќе го облече. Договорот беше да биде промовиран во 9. коло против Рома. Сега дресот ќе има уште поголемо значење“ се вели во клупското соопштение.

Share
Scroll to Top