Најголеми лузер на преодниот рок, Виктор Осимен и Наполи

Најголеми лузер на преодниот рок, Виктор Осимен и Наполи

пред 3 месеци

Виктор Осимен и Наполи се најголемите губитници во преодниот рок, кој на полноќ заврши во најсилните европски национални шампионати. Алчноста и инаетот од двете страни на крајот го оставија Нигериецот на ничија земја.

Виктор Осимен до јануари, како што стојат работите ќе биде на трибините. За него во тимот на Наполи нема место, откако Ал Ахли се повлече од преговорите, а потоа Осимен и менаџерот Роберто Календа пред челниците на Челси поставија нереални финансиски барања.

Што се случи вчера?

Менаџерот, Осимен и Наполи постигнаа договор со Ал Ахли. Обесштетување од 65.000.000 евра и плата од 40.000.000 евра, односно 160.000.000 евра за четири години. Но алчноста на првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ги натера Саудијците да се повлечат. Де Лаурентис решида побара уште 5.000.000 евра, односно да го заокружи обесштетувањето на 70.000.000 евра.

Од Ал Ахли решија да се повлечат и да го птопишат Ајван Тони за 47.000.000 евра. Англичанецот во Ал Ахли годишно ќе заработува 18.000.000 евра.

Откако Саудијците се повлекоа од преговорите, во игра повторно влезе Челси. Според италијанските медиуми, обебсштетување за „сините“ не претставувало проблем, туку финансиските барања на фудбалерот и неговиот менаџер.

Синоќа околу 22 часот, Челси му понудил на Осимен годишна плата (со остварливи бонуси) од 11.000.000, сума која ја има во Наполи. Но фудбалерот и менаџерот без размислување рекле „Не“. Нивните барања биле околу 18.000.000 евра, па и тие преговори пропаднаа, а Осимен и покрај тоа што е играч на Наполи, во овој момент нема клуб.

Антонио Конте го донесе својот миленик Ромелу Лукаку, а уште на почетокот на подготвките кажа дека нема да смета на Осимен. Логично бидејќи Нигериецот цело лето работеше на трансферот и воопшто не беше фокусиран на она што се случува во клубот.

Share
Scroll to Top